Портокал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портокал
Цветови и плодови на портокал
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Сапуновидни
Семејство: Седефчиња
Род: Цитрус
Вид: C. × sinensis
Научен назив
Citrus × sinensis
(L.) Osbeck[1]

Портокал (науч. Citrus × aurantium f. aurantium, syn. Citrus × sinensis) — било кое од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и неговите плодови. Се одгледува во тропските и суптропските области. Тркалезниот плод има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. Главните комерцијални видови портокал се: кинескиот портокал, мандарините и морскиот портокал без семки. Дрвото на портокалот има широки, сјајни зимезелени листови со средна големина. Раѓа плодови во период од 50 до 80 години. Портокалите не добиваат дополнителен квалитетот откога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат само кога се целосно зрели. Портокалот најчесто се употребува за поизводство на сок, а споредни производи се есенцијалните масла, пектинот, слатката кора, мармаладот од портокал итн, а остатоците што се добиваат при преработката на портокалот се користат како храна за стоката.

Портокалот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Портокали“ — расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[2]
  • „Песната на сувиот портокал“ (шпански: Cancion del naranjo seco) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[3]
  • „Блуз од портокалов сок“ (англиски: Orange Juice Blues) — песна на американската рок-група Бенд (The Band) од 1975 година.[4]
  • „Портокал“ (англиски: Orange) — песна од истоимениот албум на американската рок-група The Jon Spencer Blues Explosion! од 1994 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Citrus sinensis information from NPGS/GRIN“. www.ars-grin.gov. Посетено на 17 март 2008.
  2. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 147-151.
  3. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 84.
  4. YouTube, The Band- Orange Juice Blues (Blues For Breakfast) (пристапено на 25.12.2017)
  5. Discogs, The Jon Spencer Blues Explosion!* – Orange (пристапено на 6.1.2023)

Наводи[уреди | уреди извор]