Независност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Независноста е суверено владеење на нација, територија или држава од нејзините граѓани или популација, кои ја практикуваат Сувереноста. Терминот некогаш се користи и во блага смисла да се изрази контраст на хегемонијата, односно индиректна контрола на помоќна врз послаба нација.

Независноста може да биде почетен статус на ново-настаната нација (често пополнувајќи политичка празнина), но често претставува еманципација од претходна доминантна сила. Може да се спори околу дефиницијата дека Независноста е негативна дефиниција: состојба во која не постои надворешна контрола преку колонијализам, експанционизам или империјализам.

Независноста може да се стекне преку де-колонизација, одделување или одчленување.

Подвидови на Независност[уреди | уреди извор]

  • Автономијата пак се однесува на вид на независност кој е доделен од втор авторитет, кој сѐ уште ја држи контролата врз територијата.
  • Протекторат се однесува на автономен регион кој зависи од поголема владеачка сила или сили, кои работат на заштита на автономниот регион.