Видра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видра
Евроазиска видра
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Mustelidae
Потсемејство: Lutrinae
Родови

Amblonyx
Aonyx
Enhydra
Lontra
Lutra
Lutrogale
Pteronura

Видра — месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот видра (на англиски: otter) произлегува од староанглискиот збор отор или утер (otor или oter). Овие и сродни зборови на други индоевропски јазици, во крајна линија, имаат праиндоевропските корени од * wódr̥, кој исто така го подигнал англискиот збор за вода (water).[1][2].

Изглед[уреди | уреди извор]

Видрите имаат цврсто и многу подвижно тело. Градбата на телото им е добро приспособена за нуркање. Во вода можат да издржат многу долго време, а за ловење на пленот се служат со нивните остри и силни заби.

Младите научуваат да пливаат на возраст од околу 80 дена, кога крзното ќе им порасне доволно и ќе стане водоотпорно. Пред тоа тие се невешти во водата поради мекото крзно и практично се плашат од вода, така што во периодот кога треба да започнат да пливаат, мајката најчесто насила ги турка во водата додека не се научат.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Видрите пред сè се хранат со риба. Претежно се активни ноќе, иако понекогаш ловат и во текот на денот. Во ловот не се пребирливи и по правило го ловат пленот што најлесно може да се фати во моментот. Сепак, омилена храна им се јагулите. Често го тераат пленот во теснец обраснат со трева и го напаѓаат одозгора со своите силни и остри заби. Покрај риба, се хранат и со ракови, водени инсекти, жаби, птици[3], а понекогаш и со млади зајци. Видрите се прилично плашливи, воздржливи животни кои живеат осаменички живот. Ловат и се хранат во бистри и плитки потоци, а пожелно е тие потоци да се обраснати со зеленило и да се во близина на поплавни подрачја. За видрите сепак најважно е водата да е бистра и бреговите да нудат можност за криење. Во потрага за храна видрите често знаат да се селат од едно во друго речно подрачје, при тоа често преминувајќи големи растојанија.

Размножување[уреди | уреди извор]

Најчесто се парат во раната пролет, и женките котат до 3 млади. Видрата е загрозена поради загадување на водите и загубата на живеалиштата, но и затоа што се лови поради нејзиното крзно.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Видрите се распространети во Европа, Азија и Африка.

Видови[уреди | уреди извор]

Род Lutra

Род Lutrogale

Род Lontra

Род Pteronura

Род Aonyx

Род Enhydra

  1. „Otter“. Merriam Webster's online dictionary. Посетено на 16 September 2009.
  2. Harper, Douglas. „otter“. Online Etymology Dictionary.
  3. Kruuk H (2007). Otters: ecology, behavior and conservation. Oxford Biology. стр. 99–116. ISBN 0-19-856587-9.