Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Република Македонија)
За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Македонија
Северна Македонија (уставно)
Знаме Грб
Геслонема[1]
Химна
Денес над Македонија
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темносиво)
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темносиво)
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темносиво)
Главен град
(и најголем)
 Скопје
42°0′N 21°26′E / 42.000° СГШ; 21.433° ИГД / 42.000; 21.433
Службен јазик македонски[2]
Народности  Македонци и останати малцински заедници
Демоним Македонци (Македонец/Македонка)
Уредување парламентарна република
 •  Претседател Стево Пендаровски
 •  Премиер Талат Џафери
Основање
 •  Античка Македонија 825 (?) — 146 г. п.н.е. 
 •  Самоилово Царство 976 — 1018 
 •  Крушевска Република 3 — 13 август 1903 
 •  АСНОМ 2 август 1944 
 •  Прогласена независност од СФРЈ 8 септември 1991 
 •  Официјално признаена 8 април 1993 
Површина
 •  Вкупна 25.713 км2 (148ма)
 •  Вода (%) 1,9
Население
 •  Попис 2021 1.836.713[3] 
 •  Густина 80.1 жит/км2 (122-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $54,9 милијарди[4] 
 •  По жител $21.662[4] (75-та)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно  $16,9 милијарди[4] (142-ра)
 •  По жител $8.414[4] 
Џиниев коеф. (2019)positive decrease 30.7[5]
среден
ИЧР (2023) 0.792[6]
висок · 70-та
Валута денар (MKD)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД
Повик. бр. 389
Светец заштитник Свети Климент Охридски[7]
1. албански, турски, српски, ромски и влашки се службени јазици покрај македонскиот во населени места каде го зборува над 20 % од населението.

Македонија, службено позната под новото спорно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија[8] — држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена[9], самостојна[10][11], демократска[9][12] и социјална држава[10][13]. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево. Македонија има вкупно 25.713 км2 во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека службена валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради Спорот со името што го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија.

Потекло на поимот

Името „Македонија“ е од старомакедонско потекло, и според преданијата доаѓа од митскиот предок Македон. Како државно име почнало да се користи во VIII век пр. н. е за Кралството Македонија, Македонската Империја, па потоа на римската покраина Македонија, византиската тема Македонија и денес за регионот Македонија и државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“.[14] Во 2018 година е склучен Преспанскиот договор помеѓу македонската влада, предводена од претседателот Зоран Заев и Грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, со кој се утврдило името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на 11 февруари 2019 година. Сепак, и покрај промената на името, народот и медиумите сè уште ја именуваат државата едноставно како Македонија.

Историја

Праисторија

Мегалитската опсерваторија Кокино

Најстарите траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат од времето на неолитот, односно од времето кога постоело примитивно земјоделство. Покрај земјоделството, луѓето во ова време ја познавале, изработувале и употребувале керамиката, во вид на садови за секојдневна употреба, или како вајани идоли на божества и човечки фигури. Од страна на оружје во ова време била користена праќата.

За време на бронзеното време, особеност на населбите во Македонија е тоа што биле градени на високи и тешко достапни места, што наведува на големи преселби на разни племиња. Преодниот период од бронзеното во железното време (XII — XI век п.н.е.) е одбележан со големи преселби на население од север, во науката познати како Егејски преселби, со цел освојување на богати градови во Југоисточниот Медитеран. Притоа, дошло до уништување на микенската култура. Дел од преселбите се одвивале по долината на Вардар, па, така, повеќе населби од тој период се уништени, главно со опожарување.

Античка Македонија

Античкиот град Хераклеја, основан од страна на Филип II Македонски, во близина на денешна Битола.
Ѕвездата од Кутлеш — симбол на Античка Македонија.

Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[15] Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е., а постои недоумица за тоа кој бил првиот македонски крал — Каран, кој се смета за митски предок на Аргеадите, или Пердика I — првиот историски крал на Кралството Македонија.

Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешнополитичка дејност била сосредоточена кон односите со грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 г. п.н.е.336 г. п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар III Македонски (336 г. п.н.е.323 г. п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти — Европа, Азија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала Азија, Блискиот Исток, Египет и Индија, и со тоа била создадена Македонската Империја.[16][17][18][19][20][21][22][23] По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралството на Селевкидите, Кралството на Птолемаидите и Кралството на Антигонидите.[24][25] Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римска Република на исток доведува до таканаречените Македонско-римски војни (215 г. п.н.е.168 г. п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј e одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Царство и е поделена на 2 дела — Македонија Прима и Македонија Салутарис.[26] Територијата на денешна Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија прима.[27] По поделбата на Римското Царство во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско Царство, Македонија станува дел од Источното Римско Царство или Византија.

Појавата на Словените

Самуиловата тврдина во Охрид.

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез.[28] Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера со Тракијци и Илири, потоа Стари Грци, Антички Македонци, и др. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, македонските Словени биле опфатени во полудржавни формации — македонски склавинии. Склавиниите презеле повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на IX век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во IX век, исто така, започнува и црковнопросветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука — глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на IX век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковнопросветни и културни средишта на Балканот — лулка на словенската писменост.

Во X век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадено во Велешко-прилепската Област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковноекономски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на X век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава, позната уште и како Самуиловото Царство). Македонската средновековна феудална држава постоела сè до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во XIII и XIV век византиската власт врз Македонија била прекинувана со времиња на српско и бугарско владеење.

До крајот на XIV век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 година султанот ја укинал Охридската архиепископија.

Освестување и обединување на македонската нација во XIX век

Зацврстување на народниот јазик

Архитектурата во градот Охрид.

Од XIV век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време сè повидливи се и трагите од современите живи македонски говори.

Во времето на Отоманското Царство писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат написи за практична употреба.

Во XVI век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во XVII век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонско национално движење

Весникот Автономна Македонија, Белград 1905

За време на османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а најстарата од нив е Македонската револуционерна организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) и Внатрешна тракиска револуционерна организација (ВТРО). Во почетокот организацијата не бирала националности туку била отворена за „... обединување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност...“ Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и образувањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република.


Македонија во XX век

Независност

Својот пат кон политичката независност, Македонија го градела во неколку последователни чекори, носејќи одредени правни акти. Така, најпрвин, на 25 јануари 1991 година, Собранието на Република Македонија донело Декларација за сувереност. Подоцна, на 8 септември 1991 година бил одржан референдум за независност на Македонија при што референдумското прашање гласело:[29]

Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, кој бил автор на референдумското прашање, убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената вмешаност од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.[30] Референдумот за независноста на Македонија бил бојкотиран од албанското население поради вториот дел од референдумското прашање, кое ја допуштало можноста за повторно влегување во сојуз со другите републики на СФРЈ. По успешно спроведениот референдум, на 17 ноември 1991 година бил донесен првиот Устав на Република Македонија, при што за него не гласале пратениците Албанци.
По донесувањето на Уставот, дејствувањата за меѓународното признавање на Македонија ги презел претседателот, Киро Глигоров. На 16 декември 1991 година, Советот на министрите на Европската заедница (сегашната Европска комисија) донел одлука да ја признае независноста на оние републики од СФРЈ кои ќе побараат признавање, но кои ги исполнуваат условите поставени од страна на Европската заедница. Притоа, рокот за донесување на дефинитивната одлука бил одреден за 15 јануари 1992 година. Со истата Декларација за Југославија, Европската заедница ги одредила условите за меѓународно признавање на републиките од СФРЈ:[31]


Во Декларацијата бил определен краен рок за доставување на пријавите од страна на републиките на СФРЈ (23 декември 1991 година). Потоа, пријавите на оние републики што побарале признавање, со помош на претседавачот на Конференцијата за Југославија, биле проследени до Арбитражната комисија (предводена од франускиот правен експерт Робер Бадентер), која требало да даде мислење пред да се донесе конечна одлука за признавање. Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, навреме ја поднесол пријавата за меѓународно признавање, а Арбитражната комисија подготвила прелиминарен текст којшто го испратила до Република Македонија. Во мислењето на Арбитражната комисија (точката 2а) се изразувала одреден сомнеж во однос на желбата на Македонија за стекнување независност, предизвикан од вториот дел на референдумското прашање. Поради тоа, на 11 декември, во весникот „Нова Македонија“, претседателот Глигоров објавил реакција поради прелиминарното решение на Арбитражната комисија. Во писмото испратено до Бадентер, Глигоров го опишал доследното, последователно донесување правни акти за независноста на Македонија и дал објаснување за вториот дел од референдумското прашање — неговото убедување дека состојбата во СФРЈ ќе се смири со посредство на меѓународната заедница и дека ќе се создаде нов сојуз на републиките.[29]
По оваа интервенција на Глигоров започнало засилено општење меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Денко Малески, и Арбитражната комисија за да се убеди Арбитражната комисија дека Македонија нема територијални стремежи кон соседите. За таа цел, по совет на бадентер, биле донесени два амандмани на македонскиот устав: со едниот била извршена поправка на уставната одредба за начинот на промена на државните граници, а со вториот амандман се дало објаснување дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на Грција, преку својата заинтересираност за положбата на македонското малцинство. Откако двата амандмани биле усогласени со Арбитражната комисија, на 6 јанаури 1992 година, тие биле усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. По расчистувањето на овие недоразбирања, Арбитражната комисија донела мислење дека Македонија ги исполнува сите потребни услови за меѓународно признавање. Сепак, наспроти ваквата препорака, Советот на министрите на Европската заедница донел одлука да ги признае само Словенија и Хрватска.[32]

Административна поделба

Територната организација на Македонија од 1996-2004
Новата територијалната организација предвидена со законот од 2004 година

Општините на Македонија се административни единици од прв ред. Во август 2004 и март 2013, Македонија е реорганизирана на 80 општини; 10 од нив се Град Скопје, посебна единица на локална самоуправа и главен град на државата.

Речиси сите општини се непроменети или само претопени од претходните 123 општини формирани во септември 1996; другите биле припоени една кон друга и границите им се променети. Пред ова, локалната управа била организирана во 34 административни единици на различни нивоа.

По број на население, најголема општина во Македонија е Општина Куманово со 105.484 жители, а најмала Општина Вевчани со 2.433 жители.

Географија

Местоположба

Топографска карта на Македонија.

Македонија има површина од 25.713 км2 и нема излез на море. Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија и Република Косово, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 839 км, и тоа:

Значењето на географската положба на Македонија, како средишна балканска држава што се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Македонија.

Следната табела ја наведува точната географска положба на Македонија. Исто така, во неа се вклучени крајните точки на територијата.[33]

СГШ ИГД Месност Општина
Север 42°22' 22°18' Аништа, Дукат Планина Крива Паланка
Југ 40°51' 21°08' Маркова Нога (граничен камен 177) Ресен
Исток 41°43' 23°02' Ченгино Кале (граничен камен 47) Пехчево
Запад 41°31' 20°28' Кестењар (граничен столб Е16/8) Дебар

Релјеф

Врвот Солунска Глава на планината Јакупица во зима.

Македонија е земја која што е заградена во нејзините граници и не излегува на море или океан. Таа географски е определена со долината што ја образува најголемата река на нејзината територија — Вардар, која се граничи со повеќе планински вериги. Главно, земјиштето е нерамно и сместено меѓу Шар Планина и Осогово, кои се границата на долината на реката Вардар. Трите најголеми природни езера во државата се — Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие лежат на јужната граница, и се поделени меѓу границите со Албанија и Грција. Охридското Езеро се смета за едно од најстарите езера и биотопи во светот.[34] Регионот е сеизмички активен, и во минатото се случиле многу катастрофални земјотреси, од кои најблизок е Скопскиот земјотрес од 1963 што срушил 80 % од градот Скопје и убил околу 1.000 луѓе. Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури посебни за ова климатско подрачје, како на пример тутунот што најмногу се одгледува во околината на Прилеп.

44,01 % од вкупната територија на Македонија е со надморска височина од 500 до 1.000 метри, 22,44 % е со надморска височина од 200 до 500 метри, 22,33 % е со надморска височина од 1.000 до 1.500 метри, 6,95 % е со надморска височина од 1.500 до 2.000 метри, 2,89 % е со надморска височина до 200 метри и 1,38 % е со надморска височина од над 2.000 метри.[33] Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:

Ранг Име Висина (м)

Шар Планина

Ранг Име Висина(м)
1 Кораб 2.764 7 Галичица 2.288
2 Шар Планина 2.747 8 Стогово 2.273
3 Баба 2.601 9 Јабланица 2.257
4 Јакупица 2.540 10 Осогово 2.251
5 Ниџе 2.521 11 Бистра 2.163
6 Дешат 2.373 12 Плачковица 1.754

Македонија исто така има и „сценски“ планини. Тие припаѓаат на две различни планински вериги: првата се планините од шарскиот предел[35][36] што се надоврзува со западновардарската/пелагониска група на планини (Баба Планина, Ниџе, Кожуф и Јакупица) исто така позната како динарска верига. Втората верига е планинскиот ланец Осогово-Беласица, позната под името родопска верига. Планините во западниот дел се помлади и повисоки во однос на оние од источниот дел на земјата.

Демографија

Според пописот од 2002 година, бројот на домаќинствата изнесувал 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години броeло 591.702 лица, додека во групата 60 и повеќе години имало 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќале 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години била застапена со 21,08 проценти.

Табела: Етничка структура на населението според пописот од 2002 година.

Етнички состав
Македонци
  
64,18 %
Албанци
  
25,17 %
Турци
  
3,85 %
Роми
  
2,66 %
Срби
  
1,78 %
Бошњаци
  
0,84 %
Власи
  
0,48 %
други
  
1,04 %

Религија

Табела: Структура на населението според верската припандост.

Верници во Македонија
Православни
  
64,8 %
Муслимани
  
33,3 %
Католици
  
0,35 %
Протестанти
  
0,3 %
други
  
1,5 %
Верници во Македонија 2021
Православни
  
46,14 %
Католици
  
0,37 %
Други Христијани
  
13,93 %
Муслимани
  
32,17 %
Непознато
  
0,48 %
Останати
  
7,26 %

Поголеми градови

 
Најголеми градови во Македонија
Бр. Општина Нас. Бр. Општина Нас.
Скопје
Скопје
Битола
Битола
1 Скопје Град Скопје 506,926 11 Кавадарци Кавадарци 29,188 Куманово
Куманово
Прилеп
Прилеп
2 Битола Битола 74,550 12 Кочани Кочани 28,330
3 Куманово Куманово 70,842 13 Кичево Кичево 27,067
4 Прилеп Прилеп 66,246 14 Струга Струга 16,559
5 Тетово Тетово 52,915 15 Радовиш Радовиш 16,223
6 Велес Велес 43,716 16 Гевгелија Гевгелија 15,685
7 Штип Штип 43,652 17 Дебар Дебар 14,561
8 Охрид Охрид 42,033 18 Крива Паланка Крива Паланка 14,558
9 Гостивар Гостивар 35,847 19 Свети Николе Свети Николе 13,746
10 Струмица Струмица 35,311 20 Неготино Неготино 13,284

Култура во Македонија

Благодарение на географската положба, сместена во територијата на средиштен Јужен Балкан, Македонија е трезор на скоро сите позначајни културни, историски епохи што ја обележуваат европската цивилизација.

Античката, римската, ранохристијанската, византиската, словенската, отоманската се епохи што оставиле богати културни траги на територијата на Македонија.

Овие културноисториски траги, ја одделуваат Македонија како посебна средина, со богати културни и духовни наследства, кои во XX век, особено по Втората светска војна ќе придонесат или ќе бидат мошне значаен темел за создавање на посебна уметност и творештво што има европски контекст и постигнувања.

Книжевност

Codex Assemanianus

Македонската книжевност започнува со Охридската книжевна школа од 886 година. Овие први пишани дела биле најчесто со религиозна тематика. Универзитетот (еден од најстарите во Европа) основан од Свети Климент Охридски во Охрид ќе биде колепка не само на македонската книжевност, туку и на книжевноста на целиот словенски свет.

Редакцијата на која се пишувале првите дела на овој универзитет, е еден вид на старословенски книжевен јазик кој бил универзален за севкупниот словенски свет.[37] Старомакедонската книжевност ги опфаќа книжевноста на црковнословенскиот јазик со македонската редакција.

Старата македонска книжевност е поделена на два поголеми историски периода:

Охрид со својата Охридска книжевна школа, Кратово со својата Кратовска книжевна школа и Лесново со својата Лесновска книжевна школа биле центрите каде што се создавале дела на црковнословенски јазик.

Овој период е карактеристичен по својата религиска содржина, како и развојот и формирањето на македонските дијалекти со своите јазични одлики, кои почнале да се одделуваат и разликуваат од општословенската јазична практика.

Кон ова треба да се спомене и битолската препишувачка школа во која се реализирале исклучително вредни книжевни ракописи како што е Битолскиот октоих, Радомировото евангелие и други.

Од овој период се зачувани уникатни пишувани ракописи — манускрипти кои се меѓу највредните артефакти во светските музеи од Петроград, Москва до Лондон. Всушност ракописите од староцрковната македонска книжевна школа се најценетите дела и во уметнички и во историски контекст во целиот цивилизиран европски свет од тој период. Старомакедонските словенски пишувани книжевни ракописи се однесени од Македонија како најзначаен уметнички, историски, културолошки плен низ скоро сите позначајни музејски центри во Европа и светот.

Треба да се спомене, дека покрај кириличната база, од која се шири писменоста низ словенските народи, Македонија била и средиштето на глаголицата — писмо на словенските народи, чија симболика и значење е предмет на проучување на светските јазичари.

Книжевноста во Македонија е групирана во повеќе фази и периоди:

  • Стара македонска книжевност (IX — XIV век), од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија
  • Од турската инвазија до XVIII век
  • Нова македонска книжевност (1802 — 1944)
  • Преродбенички период
  • Револуционерен период
  • Меѓувоен период
  • Современа македонска книжевност (од 1944 година)
  • Нова македонска книжевност

Турско време

Периодот од турската инвазија до XVIII век е воглавно период на книжевни дела создавани и препишувани со црковен јазик, библиски дела, ерминии, црковни календариуми и друго. Од овој период покрај споменатите препишувачки школи, за истакнување е Буковскиот книжевен центар, за кој Марко Цепенков, во своите дела пишува дека бил македонски Хиландар по бројот на книжевни дела и дека во XIX век, грчките освојувачи однеле енормна количина на книжевни дела мерена со товари.

Преродбенички период

Една од поглавните и позначајните етапи на развојот на македонскиот јазик е за време на преродбата, односно низ текот на XIX век. Овој период е познат како преродбенички, поради големиот број на литературни и национални дејци и напорите на истите за оформувањето на македонскиот стандарден јазик. Меѓу позначајните преродбеници се Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски и Ѓорѓија Пулевски кои со своите дела и залагања придонеле во голема мера за развојот на јазикот. Ѓорѓија Пулевски во македонистиката е познат по своите речници и воедно ги создава првите речници на македонскиот јазик. Димитрија Чуповски е значаен по своите залагања за осамостојување на Македонија и македонскиот јазик, слично со ставовите на Крсте Петков Мисирков. Овој период во историјата на македонскиот јазик е познат по зачестената присутност на народниот македонски јазик, шаренило на дијалекти и различни македонски говори.

Поради недостаток на стандардната македонска азбука, поголем број од македонските преродбеници се служеле со странските соседни азбуки за запишување на мислите, како на пример користење на грчката, српската, бугарската или руската азбука при создавањето на книжевните дела. Потребата од стандардизирање на македонската азбука била повеќе од неопходна и тоа било едно од главните задачи со кои се занимавале македонските преродбеници.

Реформите во македонската азбука, правопис и граматика од Крсте Петков Мисирков биле едни од најзначајните за македонскиот јазик и неговиот современ развој. Тие биле важни поради тоа што: стандардизацијата на македонскиот јазик во XX век, обезбеди добра основа за понатамошен развој на современата македонска книжевност — период кој најбогат во историјата на самата книжевност.

Почетокот на кодифицираниот македонски книжевен јазик започнува од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век особено со делото „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков.

Мисирков којшто бил исклучителен полиглот, научник, европски интелектуалец, ги обележал, потенцирал и научно поставил елементите на посебноста на македонскиот јазик. Подоцна, особено во Вардарска Македонија, овие негови основи и научни образложенија ќе бидат исклучително важни во понатамошниот развој на македонскиот книжевен јазик.

Меѓувоен период

Македонскиот јазик не бил службено признат до образувањето на македонската држава во рамките на Федеративна Народна Република Југославија во 1946 година. Огромна заслуга за ова ќе има поетот, есеистот и мислителот Коста Рацин што особено со поезијата објавена кон триесеттите години — во збирката песни „Бели мугри“ и есеите, особено за богомилите — ќе го продолжи патот на осамостојувањето и изградувањето на македонскиот книжевен јазик. Неговото творештво било забрането од владата на Југославија пред Втората светска војна. Кон ова треба да се додаде и поетското дело на Коле Неделковски, настанато неколку години подоцна и исто така објавено во странство поради политичките забрани и прогони.

Споменик на Блаже Конески пред зградата на МАНУ во Скопје

Современа македонска книжевност

По Втората светска војна, Блаже Конески и други, биле задолжени за составување на книжевниот македонски јазик. Благодарение на тестаменталната заоставнина на Крсте Петков Мисирков и Коста Рацин, Блаже Конески, ќе ги објави фундаменталните дела за кодифицирањето на македонскиот книжевен јазик, со кој, говорното подрачје од велешкиот, прилепскиот, битолскиот, охридскиот, кичевскиот говорен простор, ќе ги земе како подлога во изградувањето на книжевниот јазик — со оглед на нивната подеднаква оддалеченост од соседните земји и можноста за нивно јазично навлегување и влијание.[38]

Нова македонска книжевност

Поради слободата на пишување на македонски јазик, македонската книжевност во многу кратко време ќе го доживее својот процут. Ако кон ова се додаде богатата традиција останата уште од Св. Климент Охридски, по Втората светска војна во Македонија за кратко време ќе се случи посебен литературен бум. Најпрво, ќе се појави првото поколение на македонски поети: Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Јаневски, исто така, бил прозаист и автор на првиот македонски роман, „Село зад седумте јасени“.

Кон ова треба да се додадат и основоположниците на македонската драматургија, кои пред кодифицирањето на македонскиот литературен јазик ќе пишуваат драмски дела на народен македонски јазик, со кои ќе изиграат голема улога во националното будење на македонскиот народ: Војдан Чернодрински, Васил Иљоски, Ристо Крле. Кон нив достоинствено и со сериозни дела по војната ќе се надоврзат: Коле Чашуле, Томе Арсовски, Миле Неделковски, Горан Стефановски и Дејан Дуковски.

Современата македонска книжевност, покрај нејзините основоположници, има повеќе фази, кои главно се потпираат на генерациската промена која секогаш настапува со нова енергија и творечка естетика.

Современа македонска книжевност

Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжевни периоди во историјата на македонскиот јазик.

Овој период е карактеристичен првично со употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд. Од првата генерација македонски писатели како што се Славко Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Стале Попов, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Ѓорѓи Абаџиев, Иван Точко, итн. па сè до современите Георги Барбаровски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Богомил Ѓузел, Радован Павловски. Во средната генерација особено се истакнуваат делата на Радован Павловски — „Суша селидба и свадби“, Живко Чинго, со збирките на раскази „Пасквелија“ (1962) и „Нова Пасквелија“ (1965), во кои зборува за контраста на традицијата и новите идеи.

Неговиот роман „Големата вода“ ја покажува тагата и големината на детството.

Паралелно со збогатувањето на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и книжевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на високообразовните институции во слободната македонска држава.

Архитектура

Градска архитектура — необарок Митрополијата: Преспанско-пелагониска епархија во Битола

Архитектурата има исклучително богата традиција во која се остварени низа значајни архитектонски дела.[39]

Во археологијата со извонреден квалитет спаѓаат оние во Стоби во Градско, Хераклеја Линкестис во Битола, Лихнид во Охрид и Скупи во Скопје.

Покрај објектите од Римското Царство: форуми, театри, бањи, вили, забележани се и најстарите христијански базилики особено оние во: Стоби, Хераклеја, Лихннид.

Подоцна во византиската епоха, се изградени и фрескописани цркви што спаѓаат во светското културно наследство — Св. Софија во Охрид, Богородица Перивлептос, Курбиново, Вељуса. Заедно со други културни споменици, црквите од средниот век од XII и XIII век се познати насекаде низ светот, кои се одликуваат со исклучителна архитектура и уникатни фрески и икони.

За време на Отоманското Царство биле подигнати бројни споменици од богатото исламско градителство — џамии, чаршии, бањи.

Архитектурата во Македонија напоредно со ова се изградувала во духот на балканското градителско творештво, особено во градските куќи на живеење, какви што биле во Охрид (Куќата на Робевци), Крушево, Велес. Познатиот светски архитект Ле Корбизје, на пропатување низ Македонија, се вдахнал од овој вид на архитектура, применувајќи нејзини делови во своите ремек-дела и нарекувајќи ги пример за најсоодветна архитектура.

Градот Битола, бил првиот македонски град во кој биле вклучени западноевропските градителски искуства со примери на еклетички барок, класицизам, југендстил и елементи на ренесанса.

Современата архитектура во Македонија, особено по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, ја обележуваат градбите од меѓународниот стил, со што, Македонија зазема повидно место во меѓународната светска архитектура особено со објектите: Музејот на современата уметност, Македонската опера и балет, Македонската академија на науките и уметностите, Центарот за култура во Битола и други.

Ликовна уметност

Портрет на жена од Ѓорѓи Зографски

Ликовната уметност во Македонија има богата традиција со извонредни уметнички дела.[40]

Мозаиците од раното христијанство во Хераклеја Линкестис, Охрид, Стоби.

Фрескоживописите во: Св. Ѓорѓи во Курбиново, Богородица Перивлептос во Охрид, дело на зографите Михајло и Евтихие, Нерези итн.

Првите почетоци на профаното сликарство се јавуваат кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Тие се поврзани со економските и социјалните промени во Македонија, а особено со постепеното образување на граѓанската класа и градската средина во истиот тој период. Несомнено, и пробивот на информации, преку допирите со соседните земји и воопшто со Европа, придонеле да се зачнат настојувања за едно поинакво разбирање на уметноста.

Зародишот на ова се чувствувал во делата на зографите: Димитриј Андонов-Папрадишки (околу 1858 — 1954 г.) Ѓорѓи Зографски (1870 — 1945 г.) кој бил вториот македонски зограф кој настојувал да биде и световен сликар. Без оглед на спомнатата извесна поврзаност на нашата прва предвоена генерација со последните зографи, нивното вистинско образование и ликовни концепции се сосем различни од творештвото што непосредно им претходело.

Иако подолго време се мислело дека почетоците на современото ликовно творештво во Македонија почнало околу 1920 година, најновите проучувања, откриваат дека тоа било многу порано — кон крајот на XIX век со творештвото на Александар Ѓаконов[41], Коста Шкодреану и Владимир Бециќ. Првиот учел во Виена и донел сликарство под влијание на австрискиот бидермаер стил.

Вториот, Шкодреану, доаѓа од Фиренца и исто како и Ѓаконов, во Битола, каде што како академски сликар, кој учел во Рим, донел сликарство кое содржело елементи на венецијанското барокно сликарство.

Владимир Бециќ, завршил академија во Минхен и неколку години работел во Битола, до 1916 година.

Создал поголем број на пејзажи со постимпресионистички стил и актови со рани сезановски елементи, а во Битола ја отворил и првата самостојна академска ликовна изложба во Македонија и пошироко.

Помеѓу 1920 и 1930 година биле самостојните изложби на Димитар Пандилов Аврамовски и Лазар Личеноски во 1927 година, на Никола Мартиноски и Личеноски во 1929 година.

Почнувајќи од 1930 година, ликовната уметност во Скопје добила поголем интензитет. Според бројот на самостојните изложби во Скопје и другите места на бивша Југославија, како и надвор од неа, најактивни биле Мартиноски и Личеноски.

Во континуитет современото македонско сликарство продолжило во творештвото на Вангел Коџоман, Борко Лазески, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов,Васко Ташковски, Вангел Наумовски... Неколку македонски повоени генерации на сликари се во паралела и актуелност со светските ликовни струења за што зборуваат нивните бројни меѓународни награди и изложби.

Во вајарството освен основоположникот Димо Тодоровски, кој се смета за основач на современата македонска скулптура, извонредни се делата на Петар Хаџи Бошков, Боро Митриќески, Новак Димитровски и Томе Серафимовски.

Музејот на современа уметност и Уметничката галерија во Даут-пашин амам се сметаат за суштинските галериски институции. Во последно време полека се прифатени и влијанијата блиски на новата фигурација, неодадаизмот, поп-артот, фантастиката итн. Во некои остварувања присутен е и обидот за укинување на границите помеѓу традиционалната поделба на сликарството и скулптурата, создавање на композитни пластични објекти, каде што се чувствува средбата меѓу сликарството, вајарството, архитектурата и применетата уметност. Овие стремежи во непосредната пластична постапка, често се манифестирале со амбивалентноста на своите први обиди, со интерференција на разни спротивни настојувања: особено поради свесниот или спонтан обид во поранешната стилска.

Филмска уметност

Браќата Манаки

Историјата на филмското творештво во Македонија е старо околу 110 години. Првиот филм бил снимен во 1895 година од страна на браќата Јанаки и Милтон Манаки, во Битола, со што започнала богата филмска традиција во регионот, која продолжува и денес.[42]

Во изминатиот век, медиумот на филмот ја отсликувал историјата, културата и секојдневниот живот на македонскиот народ. Со текот на годините, многу македонски филмови биле претставени на филмски фестивали ширум светот, а неколку од овие филмови добиле угледни награди. Најпознат македонски кинорежисер е Милчо Манчевски, чиј дебитантски филм „Пред дождот“ бил предложен за Оскар, а бил добитник на Златниот лав, на фестивалот во Венеција.

Првиот македонски игран филм е „Фросина“, снимен во 1952 година. Сценариото го напишал Владо Малески, кој ги напишал стиховите за македонската химна. Еден од поистакнатите филмови од тоа време е и првиот игран филм во боја „Мис Стон“. Покрај Милчо Манчевски, други истакнати македонски кинорежисери се Бранко Гапо, Кирил Ценевски, Димитрие Османли.[43]

Музика

Сцена од операта „Цар Самоил“ од Кирил Македонски.

Македонија има исклучително богато музичко наследство.

Еден од најзначајните композитори на византиското музичко творештво бил композиторот Јован Кукузел, од Дебар. Студиите на Сотир Гулабовски, „Октоехос“ во врска со традицијата на македонските духовни и црковни хорски химни се значаен придонес за македонската и балканската културна историја.

По првата генерација современи македонски класични композитори:Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов, Петре Богданов Кочко и Живко Фирфов доаѓаат композиторите Кирил Македонски, ( првата македонска опера), Глигор Смокварски, Властимир Николовски, Тома Прошев, Томислав Зографски, Михајло Николовски, Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Ристо Аврамовски, Томе Манчев, Димитрије Бужаровски Гоце Коларовски [44].

Македонската филхармонија била основана во 1944 година во Народна Република Македонија, и била најстарата културна институција во областа на музиката.

Во текот на 1950 година, бил основан првиот Македонски балет, од Глигор Смокварски и операта „Гоце“ од Ќирил Македонски. Периодот по нив, донел еден вид на ренесанса на македонската музика, фокусирана на иновациите и оригиналните творечки мечти. Поистакнати оперски пејачи од овој период биле: Данка Фирфова, Павлина Апостолова, Георги Божиков и Зина Креља. Во овој период се истакнувал и пијанистот Ладислав Палфи.

Театар

Македонскиот народен театар во Скопје

Во Македонија има 13 професионални театри.[45]

Во последните педесет години во Прилеп се одржува традиционален фестивал на македонски професионални театри во чест на Војдан Чернодрински, основачот на современиот македонски театар. Покрај нив постојат уште неколку меѓународни театарски фестивали: МОТ, во Скопје, фестивалот на комедијата во Куманово, фестивалот на монодрамата во Битола и други. Секоја година во Кочани се одржува фестивал на аматерски и експериментални театарски претстави.

Во македонскиот театар голем е списокот на надарени глумци, режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, композитори: Љубиша Георгиевски, Александар Ѓурчинов, Петре Прличко, Илија Милчин, Благоја Марковски, Владимир Милчин, Кирил Ќортошев, Илија Џувалековски, Тодор Николовски, Мери Бошкова, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Коле Ангеловски...

Стопанство

Боинг 737 на МАТ
Стопанска банка Битола

Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Во април 1992 година, Македонија прогласила монетарна самостојност, преку воведување сопствена парична единица — македонскиот денар. Во првата половина на 1990-тите, македонската економија се наоѓала во длабока рецесија, предизвикана од бројни причини: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите кон СР Југославија, начинот на спроведување на процесот на приватизација на претпријатијата, тешкотиите во банкарскиот сектор и многу други. Од 1996 г., економијата полека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со Војната во Косово од 1999 и Домашниот етнички конфликт од 2001. Денес, Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото на развиеност од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987).

Според класификацијата на Светската банка, Македонија спаѓа во земјите со повисок среден доход (upper middle income). Македонија е посттранзициска економија, со голем број сѐ уште нерешени преодни проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38 % (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско. Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува од 20 % до 40 % од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе подолго време се добри, т.е. од средината на 1990-тите се одржува ниска, едноцифрена стапка на инфлација и низок буџетски дефицит. Исто така, Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага со средностручна, но евтина работна сила. Инфраструктурата е во односна добра состојба, но сепак, потребни се дополнителни инвестиции во оваа област (пред сѐ во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Македонија е членка на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (во 2005 г., вкупната размена со странство изнесуваше 79,5 % во БДП).

Основни економски показатели

Приходи — 3,272 милијарди $
Расходи — 3,687 милијарди $
Дефицит — 4,1 % (2014)
Избрани макроекономски показатели, 1990 — 2020[47]
Показател 1990 2000 2010 2020
Бруто национален доход (во милијарди тековни долари) 3,48 3,88 9,75 11,92
Бруто национален доход по глава на жител (во тековни долари) 1 750 1 910 4 710 5 720
Бруто национален доход (паритет на куповната моќ, во милијарди тековни долари) 10,90 12,24 23,04 33,91
Бруто национален доход по глава на жител (паритет на куповната моќ, во тековни долари) 5 460 6 020 11 130 16 280
Бруто домашен производ (во милијарди тековни долари) 4,7 3,77 9,41 12,27
Раст на бруто домашниот производ (годишно, во %) - 6,2 4,5 3,4 -4,5
Инфлација (дефлатор на БДП, годишно, во %) 93,9 8,2 2,0 0,9
Стапка на сиромаштија (според националниот праг, % од населението) - - 26,8 21,6
Стапка на сиромаштија (1,9 долари на ден, % од населението) - - 10,4 3,4
Учество во доходот на најниските 20 % - - 3,7 6,1
Учество на земјоделството, шумарството и рибарството (% од БДП) 7 10 10 9
Учество на индустријата и градежништвото (% од БДП) 37 21 21 23
Учество на извозот на стоки и услуги (% од БДП) 25 33 40 58
Учество на увозот на стоки и услуги (% од БДП) 34 47 58 71
Бруто инвестиции (% од БДП) 18 22 24 30
Јавни приходи (% од БДП) - - 28,9 28,5
Буџетско салдо (% од БДП) - - -2,5 -2,0
Даночни приходи (% од БДП) - - 16,9 17,2
Надворешнотрговска размена (стоки, % од БДП) 99 91 94 125
Лични дознаки (прилив, во милиони долари) - 81 388 413
Странски директни инвестиции (нето-прилив, во милиони долари) - 218 301 550

Стопанство

Енергeтски сектор

  • Електрична енергија — производство: 5.676 милијарди кWh (2013 година)
  • Електрична енергија — производство по ресурси:
    • Фосилно горива: 66,4 %
    • Хидроелектрани: 33,2 %
    • Друг вид: 1 % (2006 година)
  • Електрична енергија — потрошувачка: 6.869 милијарда кWh (2013 година)
  • Бензин — потрошувачка: 16.670 bbl/ден (2013 година)
  • Околу 80 % од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроцентралите.
  • Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
  • ЕСМ е во фаза на реструктурирање и пред приватизација.
  • Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се сместени во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
  • РЕК Битола со своите 3 х 225 MW претставува најголем и висококонцентриран извор на електрична енергија во државата.
  • Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
  • Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои „Електродистрибуција Скопје" има преовладувачко место со речиси 33 % од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
  • Скопје е поврзано со Солун со нафтовод.

Инфраструктура

Северна скопска обиколница Е65 / М-4

Сообраќај

Патен сообраќај

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 км:

  • 6.830 км или 64,5 % од неа се локални патишта
  • 2.820 км или 26,5 % се регионални патишта, а
  • 950 км или 9 % се автопатишта.

Должината на модерните патишта е 5.100 км.

Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Започнува во ОстендБелгија, поминува преку БриселНирнберг, ВиенаБудимпештаБелградСолун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 км. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железнички сообраќај

  • Должината на постоечките железнички линии е 920 км, со 168 железнички станици.
  • Со соседите е поврзана по железнички пат со Грција и Србија, додека пак во тек е изградба на пруга кон Бугарија од 1999.

Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски железници

Меѓународен аеродром Скопје

Воздушен сообраќај

Телекомуникации

Напомена: Прикажани се застарени информации. Треба да се подноват.
— Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
— Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
— Пристап преку pre-paid картичка
— Пристап преку изнајмени линии
— Широкопојасен пристап преку АДСЛ и кабелски интернет
— Оптички пристап

Политика

Приказ на образовниот систем во Македонија

Политички систем

Во 2016 година, во Македонија биле регистрирани 58 политички партии, т.е. една партија на 33.000 жители. Претходно, бројот на партии бил далеку поголем: во 2009 година имало 99 партии, а во 2005 година дури 150 партии биле зеведени во судскиот регистер.[48]

Односи со ЕУ

Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.

Евроатлански асоцијации

Исто така на Македонија и е ветено членството во НАТО веднаш по разрешувањето на спорот околу уставното име што државата го има со Република Грција.

Спор за уставното име на Македонија

Поради притисоците од Република Грција (политички, економски, културни, ...), во 1993 година, државата била примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија,[49] иако била признаена под нејзиното уставно име од 133[50] земји меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија, Обединетото Кралство; членките на ЕУ: Шведска, Австрија, Ирска, Луксембург, Словачка, Естонија, Чешка Република, Унгарија, Литванија, Романија, и Бугарија; сите поранешни југословенски републики: Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија; други земји кои ја признале Македонија под уставното име се: Турција, Индија, Канада, Швајцарија, Индонезија, Аргентина, Израел, Бразил, Саудиска Арабија, Иран, Украина итн. Во 2018 година, Македонската влада, предводена од претседателот Зоран Заев, по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, се договориле името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на 11 февруари 2019 година.

Македонија како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Службено Македонија нема усвоено гесло. Сепак, како традиционално гесло на државата се смета „Слобода или смрт“.
  2. „Законот за јазиците изгласан во Парламентот“. macedoniaonline.eu. 26 јули 2008. Архивирано од изворникот на 2012-09-21. Посетено на 27 јули 2008. Користејќи ги Бадентеровите принципи, Парламентот го изгласа законот за употреба на јазиците кој ги засега сите етнички групи во Македонија. Законот не дозволува употреба на албанскиот или кој било малцински јазик како втор службен јазик на територијата на Македонија.
  3. „State Statistical Office - News release: Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of North Macedonia, 2021 - first dataset ,2021“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2022-03-30.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „World Economic Outlook Database, October 2022“. IMF.org. International Monetary Fund. October 2022. Посетено на October 11, 2022.
  5. „Gini coefficient of equivalised disposable income - EU-SILC survey“. ec.europa.eu/eurostat. Eurostat. Посетено на 12 August 2021.
  6. „2018 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2017. Посетено на 23 March 2017.
  7. „Св. Климент Охридски е [[патрон (светител)|патрон]] на македонскиот народ и неговата историја“. Архивирано од изворникот на 2015-07-22. Посетено на 2015-08-31. URL–wikilink conflict (help)
  8. Според договорот кој е потпишан помеѓу Република Грција и Република Македонија, службеното име на државата што треба да го користат владините институции за домашна и меѓународна употреба е „Северна Македонија“, или во целосен облик „Република Северна Македонија“.
  9. 9,0 9,1 [1]
  10. 10,0 10,1 НБРМ[мртва врска]
  11. „eubusiness.com“. Архивирано од изворникот на 2009-11-30. Посетено на 2010-01-05.
  12. „CIA - The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-01-28. Посетено на 2010-01-05.
  13. „Устав на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2013-01-19. Посетено на 2009-12-27.
  14. Macedonia, Online Etymology Dictionary
  15. R.J. Rodden and K.A. Wardle, Nea Nikomedia: The Excavation of an Early Neolithic Village in Northern Greece 1961-1964, Vol I, The Excavation and the Ceramic Assemblage, British School at Athens Supplementary Volume 25, 1996
  16. Arrian, Anabasis Alexandri I, 13–19
  17. Arrian, Anabasis Alexandri I, 20–23
  18. Arrian, Anabasis Alexandri I, 23
  19. Greene, p. 351
  20. Arrian, Anabasis Alexandri II, 16–24
  21. Gunther, p. 84.
  22. „Coin: from the Persian Wars to Alexander the Great, 490–336 bc“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 16 ноември 2009.
  23. „The end of Persia“. www.livius.org. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 16 ноември 2009.
  24. Shipley, Graham (2000) The Greek World After Alexander Routledge History of the Ancient World. (Routledge, New York)
  25. Walbank, F. W. (1984) The Hellenistic World, The Cambridge Ancient History, volume VII. part I. (Cambridge)
  26. http://www.unrv.com/provinces/macedonia.php
  27. Encyclopædia Britannica. „Encyclopaedia Britannica — Scopje“. Britannica.com. Посетено на 28 април 2010.
  28. Cambridge Medieval Encyclopedia, Volume II.
  29. 29,0 29,1 Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 44-45.
  30. Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 45-46.
  31. Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 44.
  32. Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 44-47.
  33. 33,0 33,1 Македонија низ бројки 2011 (PDF). Скопје: Државен завод за статистика. 2011.
  34. „Macedonian Ministry of Environment“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2008-01-19. Посетено на 28 април 2010.
  35. Encyclopædia Britannica. „Britannica's article about Sar Mountains“. Britannica.com. Посетено на 28 април 2010.
  36. „Sar Mountains on the Euratlas map of the Europe's most significant mountain ranges“. Euratlas.com. Посетено на 28 април 2010.
  37. КНИЖЕВНО-ИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА
  38. ЗА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ
  39. „АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 2022-02-19.
  40. Историја на уметноста
  41. „НЕПОЗНАТИОТ БИТОЛСКИ СЛИКАР СЕ ВИКА АЛЕКСАНДАР ЃАКОНОВ И БИЛ ПРЕДОК НА ШПАТО“. Сакам да кажам. 2017-10-23. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 2022-02-19.
  42. Македонска кинематографија
  43. „МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ПО ПАДОТ НА КОМУНИЗМОТ, пишува Атанас Чуповски“. Кинотека на Македонија. 2019-02-19. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 2022-02-19.
  44. МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА
  45. „/ Театролошки студии“. Архивирано од изворникот на 2016-03-31. Посетено на 2019-07-22.
  46. Работењето „на црно“ е распространета појава, така што реалната бројка е пониска
  47. databank.worldbank.org (пристапено на 11 јули 2021)
  48. Искра Коровешоска, „Во Босна и Херцеговина има 130 политички партии, во Велика Британија само 12“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 4.
  49. www.un.org Резолуција на Обединетите Нации.
  50. Македонска информативна агенција-МИА 'Република Македонија, потсети тој, е призната под уставното име од 133 земји, отворени се 56 дипломатско-конзуларни претставништва, склучени 1015 меѓународни договори, членка е на 103 меѓународни организации и регионални иницијативи, претседаваше со Генералниот секретаријат на ОН, либерализиран е визниот режим, претседаваше со Комитетот на министри на Советот на Европа, ја доби пресудата пред Меѓународниот суд на правдата и го започна дијалогот со ЕУ.'
  51. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 23.
  52. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 38.
  53. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 156-157.
  54. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  55. Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 67.
  56. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 153–161.
  57. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 68.
  58. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 42–43.
  59. Александар Пејовски, ФИРОМ реквием, ЈУ Младински културен центар — Скопје, мкц007 и PMG Recordings, 097/2014.
  60. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
  61. YouTube, Time — Makedonija (1973. godina) (пристапено на 24.1.2017)

Надворешни врски

Влада

Историја

Туризам